СДСМ: Груевски се плаши од вистината, затоа бега од медиумски реформи

0
905

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат медиумски реформи бидејки како кула од карти им се рушат лагите што ги пласираат преку медиумските курири.

Затоа вчера во Собрание не го прифатија предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, поднесен од СДСМ и опозицијата, што ги содржи барањата на новинарските здруженија и организации.

Медиумските курири воопшто не ги спомнуваат истражните постапки коишто се водат против криминалната банда на Никола Груевски ама секојдневно штанцаат измислици и невистини по негова нарачка.

Покренатите истраги за уништување на опремата со којашто незаконски биле прислушкувани граѓаните се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки.

Никола Груевски постојано и цело време лаже.

Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж.

Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија.

Никола Груевски се плаши од вистината којашто проби како шило за неговото криминално владеење, за корупцијата, крадењето на слободниот глас на граѓаните.

Затоа на Никола Груевски бега од реформи во медиуми. Затоа партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се директно поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски. Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда зошто се потребни реформи во медиумите“, соопштуваат од СДСМ.