СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регулaрни избори

0
1025

Откако се распукаа сите бетони на фамилијата и се поништи дури и криминалната аболиција, Никола Груевски панично покажува огромен страв од соочување со граѓаните на регулрани избори, реагира СДСМ.

„Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши од слободни избори. Тоа го знаат сите. Оттука, медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици. Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев. Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Не може да избега Никола Груевски колку и да се обидува да одолговлекува. Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото“, реагира СДСМ.