СДСМ : Груевски блада, ММФ го повикува да си оди од функцијата и нагласува дека на кум Ставре му изгорело ќесето!

0
855

Груевски нема храброст да ги чита целосно извештаите на меѓународните финансиски институции, затоа изгледа зборува за привиденија, реагира СДСМ на изјавата на премиерот Никола Груевски дека извештајот на ММФ е валоризација на работењето на Владата.

sdsm-1_0

– Очигледно е дека никој од меѓународните финансиски институции повеќе не сака да седне јавно пред камери во иста просторија со кој било од неговата Влада – велат од СДСМ.

„ММФ во извештајот што му го испрати го наведува токму тоа на што посочуваме.

1. Актуелната Влада од 2008 година го дуплрала јавниот долг, односно двојно ги задолжила граѓаните.

2. Пониските приходи и најавените расходи ќе го зголемуваат дефицитот и тој ќе порасне далеку над планириот со Буџетот, што значи нови задолжувања.

3. ММФ децидно вели дека е неопходно спроведување на политичкиот договор како основа за стабилизирање на економијата“, стои во реакцијата .

СДСМ подвлекува дека тој договор подразбира специјален обвинител и оставка на Груевски.

„Она од што најмногу се плаши Груевски, ММФ го наведува како услов за економски остварувања“, стои на крајот од реакцијата.