СДСМ : Го осудуваме нападот врз Љупчо Палевски, институциите да го расветлат случајот и да ги казнат сторителите

0
701

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.

Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец.

Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.

Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата.