СДСМ ги распореди „бомбите“: На 2 април во Куманово, на 4 април во Прилеп, на 8 април во Битола

0
985

Следната среда, на 8. април, токму пред Велигден, опозицијата ќе ги фрла „бомбите“ за Битола, потврдуваат извори од општинската организација на СДСМ во Битола.

sdsm12

Опозицијата во градот под Пелистер веќе се подготвува за денот, кога лидерот Заев ќе обелодени дел од прислушуваните материјали што се однесуваат на владини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Битола замешани во криминал.

Но, она што ќе биде ново е што опозицијата веќе имала материјали што сведочат како се подготвуваат и местат лустрации на повеќе битолчани кои во изминатиот период беа „жигосани“ со процесот на лустрација.

Најголем дел лустрирани од внатрешноста во Македонија беа токму од Битола.

Станува збор за поранешни локални функционери на СДСМ, високи партиски функционери, како и за вработени во службите за државна безбедност.

Од опозицијата во Битола велат дека пред Битола, „бомби“ ќе одекнат на 2. април во Куманово и на 4. април во Прилеп.

Извор: META