СДСМ ГИ ЖИВЕЕ СВОИТЕ НАЈСЛАВНИ МОМЕНТИ, ОВА Е НАГРАДА ЗА ВЛАДЕЕЊЕТО НА СДСМ НО И КАЗНА ЗА БЕЗИДЕЈНОСТА НА ВМРО ДПМНЕ – БРАВО ДРУГАРИ, ПЕТ ГОДИНИ ПОБЕДУВАМЕ И ГО ГАЗИМЕ ВМРО ДПМНЕ, ТРАМПОВАТА ДЕВИЗА – ЌЕ НИ ЗДОСАДИ ОД ПОБЕДИ И ТРИУМФИ СТАНУВА НАША ДЕВИЗА!!!

0
1143

Браво другари, извојувана уште една блескава победа!

Штип не е шала, тоа е еден од нашите најголеми градови!

Да успееш да го прегазиш ВМРО ДПМНЕ во 5-та година од централна власт и речиси цел мандат локална власт, тоа е успех за респект!!!

Обично тогаш на тие години почнува да се јавува замор на материјал, забеганост, аздисаност, но очигледно е дека СДСМ добри ги држи своите војски и добро управува со државата.

Народот го награди СДСМ пред се Заев па потоа сите позади него а исто време го казни и ВМРО ДПМНЕ поради безидејноста и тоталната изгубеност во времето и просторот.

Трамповата девиза ЌЕ НИ ЗДОСАДИ ОД ПОБЕДИ И ТРИУМФИ станува девиза на СДСМ!

Победи од 2015-та-та и само се редат нови и нови успеси, а ВМРО ДПМНЕ е од ден на ден повторно и повторно газено како шлепер жаба!

Честитки дечки, прославете паметно вечерва имајте ја на ум пандемијата, па да покаже омилениот штипски доктор дека освен што знае да лечи народ да покаже и дека знае да менаџира со нашиот најголем град на истокот.

СДСМ ги живее своите најславни моменти во нашата политичка историја, овие денови ќе се раскажуваат, ќе се евоцираат спомени како СДСМ го газеше ВМРО кога ќе посака и каде ќе посака а земјата одеше напред на секое поле во секој сектор во секоја бранша и сфера!!!

НАПРЕД СДСМ, ПОБЕДИНИЧКИ УСПЕШЕН СИЛЕН, ТОГАШ Е СИЛНА И ПРОСПЕРИТЕТНА И ДРЖАВАТА!!!