СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ се уште не кажува кога ќе поднесат оставка нивните пратеници обвинети за криминал

0
1358

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот се уште молчи и не кажува кога нивните пратеници кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието?

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и согласно законот ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?

Се додека во белиот дворец молчат по овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за морал, чесност и одговорност.

Повлекувањето од функцијата пратеник на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ тоа се уште е непозната категорија.