СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во Итната медицинска помош, СДСМ во континуитет вложува во подобрување на условите во јавното здравство

0
771

СДСМ преку институциите што ги предводи обезбедува сериозни инвестиции во здравствениот сектор, со кои за само три години успеа да го промени хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го остави во здравството, по 11 години запоставување и негрижа.

Доброто менаџирање со кризата, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, кога здравствениот систем и здравствените работници се под голем притисок, е резултат на професионалниот и стручен лекарски кадар, управувањето со здравствениот систем, навремено преземање мерки за заштита на населението, но, и на подобрените услови за работа, вложувањата во здравството и во медицинскиот персонал.

Сега опозицијата лицемерно го критикува здравството и напорите за справување со кризата, а по 11 години во Скопје остави само 5 исправни амбулантни возила за итна медицинска помош и 2 неисправни. Поради нередовно одржување откажаа уште 3 возила.

За само 3 години, откако министерот Филипче и СДСМ управуваат со здравствениот систем обезбедени се 14 возила за итна медицинска помош, 13 целосно нови и едно половно.

Цели 10 години ниту еден ЕКГ апарат не бил набавен, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ здравјето не било важно, туку спомениците. За само три години набавени се нови 13 ЕКГ апарати за итната медицинска помош.

Обезбедени се униформи за целиот персонал и заштитна опрема, УВ лампи за дезинфекција, ранци со санитетски материјал, наменети за непогоди, батерии за радиостаници, итната медицинска помош е дополнета со дефибрилатори, редуцири на апаратите за кислород.

Објектот на итната медицинска помош, кој беше оставен на забот на времето сега е во фаза на обнова со поправена водоводна инсталација, подобрени услови за вработените.

Граѓаните ја знаат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, кој остави хаос и руини во јавното здравство и СДСМ, кој со вложување во здравствените институции и во здравстените работници вистински се грижи за здравјето на граѓаните.