СДСМ БИТОЛА : СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ,,ТАКИ ДАСКАЛО”, ГИМНАЗИЈАТА ,,ЈОСИП БРОЗ ТИТО” И ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ,,ЃОРЃИ НАУМОВ” ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ БЕЗ НИКАКОВ СРАМ СИ ГИ ПРИПИШУВА КАКО ПРОЕКТИ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ИАКО СЕ НАПРАВЕНИ СО СРЕДСТВА НА ВЛАДАТА

0
425
Прес конференција на Весна Бановска.

„Почитувани битолчани,

Деновиве градоначалникот Коњановски конечно посети три средни училишта во градот и тоа Таки Даскало, Гимназијата Јосип Броз Тито и Техничкото училиште Ѓорги Наумов.

Притиснат од фактот дека откако е дојден на функцијата градоначалник, за капитални расходи за средните училишта не издвоил ни денар од општинскиот буџет,  што јасно може да се види од објавените квартални извештаи за 2022 година, Коњановски мораше да ги промовира проектите реализирани од градоначалничката Петровска и директорите поставени од СДСМ, колку да остави впечаток дека сепак нешто работи.

Коњановски се жали дека дотациите од државниот буџет за образованието не се доволни, ама се фали со проектите финансирани токму од Министерството за образование, од државниот буџет.

Во Техничкото училиште Коњановски се слика на спортските терени, во спортската сала, ги промовира и другите зафати од времето на претходниот директор и локална власт, а финансирани од дотациите од централниот буџет и донации.

Без никаков срам, проектите за спортските терени во средното училиште Таки Даскало, реализирани од претходниот директор и целосно финансирани од дотациите од Буџетот на државата, Коњановски ги прикажува како да се направени со пари од општината.
Идентична е ситуацијата и со реализацијата на проектите во Гимназијата Јосип Броз Тито.

Господине Коњановски пред да одите во училиштата, било средни било основни, проверете што сте направиле  за подобрување на состојбата во истите бидејќи лагата има кратки нозе.

Можеби Вам ви е важна партиската кампања, но помислете малку и на учениците и професорите за унапредување на условите во кои работаат и учат.

Наместо парите од општинскиот буџет да ги трошите за разни шетања во земјата и странство, за ваши партиски пајташи од културата, време е од општинскиот буџет да издвоите пари за реконструкција на училиштата и да ја продолжите праксата на Вашата претходничка која на образованието му даде висок приоритет.

Кога планирате да почните да го градите училиштето во Буковски ливади?
Господине градоначалниче! По цунамито во образованието кое го остави Вашиот партиски колега Талевски и Вашата партија ДПМНЕ, СДСМ остави училишта во одлична финансиска состојба, во голем дел од нив се извршени значајни реконструктивни зафати, но доколку ја продолжите политиката како во изминатата година на пат сте повторно да го доведете во прашање функционирањето на образовниот систем во Битола.

Затоа, додека има време наместо да водите пи-ар кампања и да се обидувате да ја манипулирате јавноста зафатете се со работа, бидејќи ќе дојде времето кога како во сказните ќе се види дека Царот е гол. Имајте барем малку одговорност бидејќи последиците од Вашиот игнорантски однос кон образованието ќе ги чувствуваат учениците, професорите и граѓаните на Битола.“