СДСМ: Бегањето од седница за пратенички прашања покажа колку ВМРО-ДПМНЕ се плаши од соочување со вистината

0
955

„Распуштањето на Собранието е поништено со одлука на Уставниот суд што значи со работа продолжува како да не се ни случило неуставното распуштање.

Не го избра Собранието Вељаноски повторно, туку продолжи со работа. Законите продолжуваат со постапка.

Затоа, откако едностраната и неуставна одлука за распуштање ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самите ја повлекоа, Вељаноски имаше деловничка обврска да свика седница за пратенички прашања, последниот четврток во месец мај.

Ваквото бегање на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се плашат да свикаат Собраниска седница за поставување пратенички прашања. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од соочување со вистината, со пратениците од опозицијата, со јавноста.

А Трајко Вељаноски уште еднаш потврди дека само извршител кој по сто пати крши деловник за да изврши наредба на Груевски“, стои во соопштението на СДСМ.