СДСМ: Ако МОН лаже, фотографиите не лажат – Учениците учат од распарталени учебници!

0
971

Соопштение на СДСМ:

„Ако е вистина дека МОН постојано врши замена на постојните учебници во основното и средното образование, како тогаш учениците сеуште користат пополнети и распарталени учебници?timthumb-7-670x401

Ако образованието треба да остане надвор од политиката, зошто воопшто МОН реагира на партиското соопштение на СДСМ „Груевски листа агенди на лаги во скапиот дворец, додека родителите лепат учебници“?

Ако вработените во МОН чесно и професионално си ги вршеле обврските, зарем би дозволиле учениците да учат од распарталени учебници, полни со збунувачки содржини кои служат за потсмев во јавноста?

СДСМ ќе го обнови од темел разрушениот образовен систем и идниот септември сите распарталени и неквалитетни учебници ќе бидат повлечени од употреба и заменети со нови и квалитетни учебници“, соопштуваат од СДСМ.