СВЕШТЕНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА РЕШИЛЕ ДА НИ ЈА РАСПЛАЧАТ МАЈКАТА НА СРЕД ПАНДЕМИЈА, ТИЕ И ПОНАТАМУ ЌЕ ТЕРААТ ПО СВОЕ И НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПРИЧЕСТВУВАЊЕ ОД ИСТА ЛАЖИЦА!!!

0
1018

Пандемијата нема да и застане на патот на верата. Велигден ќе се прослави, но според препораките и мерките на Владата, уверуваат црковните власти. Свештените лица не се откажуваат од литургиите и ќе ги вршат без присуство на верници. Во деновите кога ќе може да се оди во црква – верниците ќе се причестуваат со иста лажичка, а свештени лица ќе држат ред сите од нив да се на два метра оддалеченост, пренесува Телма.

Иако оваа година верниците се ускратени од богослужба на полноќ, оние коишто постат и сакаат да се причестат во црква ќе можат тоа да го направат на третиот ден Велигден до 16 часот.

Дали и тоа ќе се одвива по протокол и согласно мерките и препораките, одговараат од МПЦ. Препораката на Владата за да се држи соодветно растојание е земена предвид. Ќе се причестува со иста лажичка бидејќи верата е силна дури и кога опасен вирус се шири во светот, изјави Отец Бобан.

Освен за празнувањето на Велигден, деновиве МПЦ се актуелни во јавноста и за друго прашање. Минатата недела, заедно со ИВЗ, во време на вонредна состојба побараа помош од државата за полесно да го издржат финансискиот товар во време кога речиси сите субјекти се засегнати од пандемијата.