Сваровски судството е тотално побркано: Зошто судот првично го именуваше Крпач за осомничен а потоа го промени ставот?

0
1022

Основниот суд Скопје 1 доцна попладнево издаде две соопштенија поврзани со случајот Крпач, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во градите, пренесе Телма.

Во првото соопштение судот наведува дека на почетокот на Април, по барање на СЈО, судија на претходна постапка издал наредба за претрес на домот на Коста Крпач.

Во ова соопштение судот наведува дека е издадена дозвола за претрес на дом на осомничено лице. Во текот на денот СЈО преку свое соопштение објави дека Крпач бил сведок во предистражна постапка за еден случај а не осомничено лице.

krpac_eden krpac_dva

Судот исто така соопшти дека била издадена и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Република Македонија од две фирми (меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува Коста Крпач).

Крпач инаку никогаш не бил сопственик на фирма регистрирана во централниот регистар, туку само управител, односно директор на фирмата Финзи, која меѓу другото е сопственик на агенцијата Нетпрес и за која постојат сомнежи дека преку неа одела набавката со мито на израелска безбедносна опрема.

Судот наведува и дека наредбата за претрес била одобрена на почетокот на Април а името на Коста Крпач се појави на списокот на Иванов на аболирани веќе на 12-ти Април.