,,Свадбарите” од Нерези позитивни на Ковид 19, не ги кажуваат контактите!

0
1151

На тешки маки се инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, зашто од свадбата која на 31 мај се одржа во скопската населба Нерези, со невеста вработена во Лекарска Комора – има 14 позитивни лица со коронавирус и ниеден од нив не сака да каже со кого бил во контакт.

Како што за ,,Слободен печат” потврдуваат доброупатени извори од Инспекторатот, ситуацијата особено ја комплицира тоа што таткото на невестата, работи во Психијатриската болница Скопје во Бардовци, во дијагностика и тоа со работен стаж од 36 години како етаблирано медицинско лице со огромно искуство во својата област. Компликацијата е во тоа што ова медицинско лице, инаку татко на невестата, воопшто не било посочено како контакт во епидемиолошката анкета на ниеден од гостите на церемонијата, по што тој продолжил да оди на работа во Психијатриската болница.

-ДСЗИ има податоци само за 14 позитивни, добиени од Центар за јавно здравје Скопје. Податоци за контакти, ниту еден од овие 14 не даваат, изјави за ,,Слободен печат” директорката, доктор Ирина Сотирова Бухова.