САШО ОРДАНОВСКИ: ТОА ШТО СТЕВЧЕ МУЊА ВЛЕЗЕ ЗДРАВ ВО СУД, А ПО 15 СААТА ИЗЛЕЗЕ БОЛЕН МИ ДАВА НАДЕЖ ДЕКА ИМА ЈАКИ ДОКАЗИ ПРОТИВ МАФИЈАШОТ!

0
1915

Во урбанизмот и човек да утепаш е според закон!

Затоа сум крајно изненаден што некој собрал храброст, а можеби и докази, да го гони еден Стевче Јакимовски, легендата на македонскиот општествено-политички и морално-политички систем – овде дури и нема потреба за иронија, апсолутно сите знаат за кој вид на персонални квалитети се мисли! – за сомневања за некаков вид на градежно-урбан криминал. Не верувам дека нашиот, општ, комшија, Стевче, бил толку невнимателен? Мислам дека ќе му се фатат за прописите…

Додуша, некни во судот Стевче влезе здрав и победнички расположен, а излезе со здравствена дијагноза за домашен притвор, па не е јасно што се случувало во тие петнаесетина часови помеѓу она кога, рано наутро, си во статус на осомничен, до приквечер додека предистражно-истражно не добиеш статус на обвинет. Можеби навистина собрале нешто непријатно и вознемирувачко за човекот познат по тоа што „никој ништо не му може“?!

Линк до колумната, ОВДЕ