Сашо Ордановски: Нели им е барем малку срам на Аиво Орав и неговиот тим од соработници?!

0
1199

Зошто, покрај шестокатницата во која со години е вселена бројната европска делегација во Скопје, на Брисел му требаше специјален тим од експерти, предводени од Прибе, за да го констатираат она што одамна се гледа и со голо око?

saso-ordanovski-540x329

Нели им е барем малку срам на сегашниот европски амбасадор Аиво Орав и неговиот тим од соработници што нашава земја, во нивниот мандат, потона толку длабоко во разнебитување на демократијата, што секој нормален мора да се запраша дали луѓево од Европската делегација се слепи при очи, дали се тотално мрзеливи, можеби глупави или целосно корумпирани, за вака флагрантно да соучествуваат во упропастувањето на Македонија?

Не е ли паметно идната македонска власт љубезно да го замоли г. Орав да ја напушти земјата, за на негово место да дојде некој кој подобро ќе ја следи нејзината работа и ќе ни помогне, наместо да ни одмага, побрзо да се интегрираме во Унијата?

Сашо Орданоски, Слободен печат, 20.06.15.