САРАЧИНИ : БАНАЛНО Е БЛАГ ЗБОР ЗА ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ И МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ

0
1545

БАНАЛНО

Заев одговара на новинар дека е банално прашањето дали немало поспособен од него во СДСМ.

А еден куп медиуми, меѓу нив и такви кои се декларираат како професионални, ја извртуваат изјавата и ја лажат јавноста дека „банално“ се однесувало на оставките за пожарот во Тетово и на жртвите.

Гори ФБ и Твитер, од политичар, преку дежурен експерт до инфлуенсер, секој има понешто да каже за „баналноста“ на Заев.
Во меѓувреме, Апасиев јавно лаже дека 200.000 Македонци одбиле да се попишат, а таа лага се пренесува без да биде проверена ниту предизвикана од еден куп медиуми. И, никому ништо, никој не се буни.

Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност.

Петрит Сарачини