САНКЦИОНИРАНИ 105 ВОЗАЧИ ПОРАДИ ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ ОД СТРАНА НА СВР БИТОЛА

0
497
Денеска 11.03.2022 во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 105 возачи. 28 санкции се изречени на територија на Битола, 32 санкции на територија на Прилеп, 29 на територијата на Ресен, 5 санкција на територија на Демир Хисар, 8 во Македонски Брод и 3 санкции на територија на Крушево.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.