САНАТОРИУМ ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА СО НОВА И ФАНТАСТИЧНА ПЕСНА

0
889

Македонскиот култен треш состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“.

Моќна, брза и енергична…, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. Ваквиот кам бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката. Новата композиција на Sanatorium е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис.

Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов. Во продолжение погледнете го видеото.