Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестот пред ДИК објави проглас кој произлегол од седница на Извршниот комитет на партијата.
„ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел влијание на некои од членовите на ДИК“, рече Груевски.
„Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните“, рече Груевски.
– Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешните прашања на земјата.
Го напуштаме форматот на состаноци со други политички партии со претставници на други држави – рече Груевски.