САМО ЕДЕН ДЕН ТРАЕШЕ ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО НА МИЦКОВСКИ: СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ОД АЛТЕРНАТИВА Е ПРОТИВ ДОГОВОР НА НОВО МНОЗИНСТВО, НЕ САКА СОРАБОТКА СО ЛЕВИЦА

0
2128

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица на Апасиев.

Информациите се дека тој е против соработка со партијата која наводно е анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа, Охрид, албански јазик и дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесуваат дел од албанските медиуми.

Во Алтернатива, наводно, не биле информирани дека во новото мнозинство е и Левица. Затоа Реџепи сега бара неговата партија да се повлече од мнозинството.