САМКА ИБРАИМОСКИ СЕ ЖАЛИ ПРЕД УСТАВЕН СУД ДЕКА Е ОНЕПРАВДАН ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК ЗАТОА ШТО Е МАЖ

0
460

Уставниот суд ќе ја одржи 3. седница на 25 јануари 2023 година во 9:30 часот, со дневен ред на кој се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права. Предвиден е и еден предлог за одлучување по иницијатива по која е поведена постапка.  1.У.бр.22/2022 Oспорен: Член 14 став 2 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија” број 42/2020).Подносител на иницијативата: Грански независен синдикат на полицијата  од Скопје.  Содржина на оспорената одредба (Член 14):

(2) Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се формира специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Специјализираното одделение има стручна служба и јавнообвинителски истражители од истражниот центар согласно со овој закон. Јавните обвинители и раководителот на специјализираното одделение ги распоредува јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од редот на јавните обвинители од тоа обвинителство, по претходно добиена согласност од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Од наводите во иницијативата: Според подносителот со оспорениот член 14 став 2 од Законот за јавното обвинителство, со формирањето на специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција се дискриминираат вработените во овие две работни сфери, кога постојат и многу други области и професии кои извршуваат слични вакви задачи и не се опфатени со ваквата одредба.

Во иницијативата се наведува дека и вработените во други професии, се подложни на дејствување во организиран криминал и корупција, а со постоење на посебен член само за овие две професии истите се дискриминирани како „високоризични“ и „подложни“ на организиран криминал и корупција. Подносителот наведува дека сите овие аргументи водат кон рушење на угледот и довербата во полицијата бидејќи слични работни задачи извршуваат и Царинската управа, финансиската полиција, судската полиција, припадниците на АРМ (воената полиција), Агенцијата за национална безбедност, Оперативно техничката агенција, Агенцијата за разузнавање и разни инспекторати и други во однос на кои лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција се дискриминирани.