САД ЈА ИСТЕГНАА ЗА УШИ БУГАРИЈА : ВЛАСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА НЕГИРААТ РЕГИСТРАЦИЈА НА ЕТНИЧКО-МАКЕДОНСКИ АКТИВИСТИЧКИ ГРУПИ

0
1032

Сите бугарски медиуми ја пренесуваат информацијата дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов” од Битола вчера бил избришан од Централниот регистар во РСМ, но ниту еден медиум не го објави делот од Извештајот на американскиот Стејт департментот за Бугарија, во делот „човекови права – слобода на здружување“. Што се вели во тој дел, и зошто во соседството го игнорираат?

„Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитуваше“, се констатира во Извештајот. Но сите забелешки после оваа реченица се однесуваат единствено на одбивањето на властите да регистрираат здруженија на Македонците.

„Властите (бугарските- н.з.) продолжуваат да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација – Илинден, Обединета македонска организација-Илинден Благоевград и Друштвото на репресирани Македонци – жртви на комунистичкиот терор, и покрај бројните претходни одлуки на ЕСЧП дека со негирањата биле прекршени слободата на здружување на групите“, се вели во Извештајот за Бугарија.

Во него се наведува дека во јуни окружниот суд на Благоевград ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден Благоевград, со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското малцинство ќе ја загрозат националната безбедност на земјата, и изјави дека „правото на здружување е основно човеково право, но престанува да биде такво кога го поткопува јавниот ред“.

Протест на Македонци од Бугарија пред зградата на Европскиот парламент во Стразбур во 2009 година
Протест на Македонци од Бугарија пред зградата на Европскиот парламент во Стразбур во 2009 година