САГАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МЖ ПРОДОЛЖУВА СО ДЕМИРИ – ЛЕВИЦА ИНФОРМИРА ДЕКА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ ВЕЌЕ ВТОР МЕСЕЦ НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА

0
618

Според оваа партија, партизацијата на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците – Зуљхајрат Демири нема стратегија, ниту способност да ја рационализира работата на Македонски Железници.Вработените во Македонски Железници Транспорт веќе втор месец немаат земено плата, а веќе е доспеана платата за месец мај. Платите подолг временскиот период се исплаќаат со доцнење со што ги ставаат вработените во тешка финансиска положба, реагира Левица.

Според оваа партија, партизацијата на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците – Зуљхајрат Демири нема стратегија, ниту способност да ја рационализира работата на Македонски Железници.

-Катастрофалната состојба во Македонските Железници постојано се влошува, додека работниците се оставени на немилост на партиските директори, кои единствено го цедат буџетот за свои лукративни цели. Освен неисплатените плати, вработените се соочуваат и со неисправни возови, со што се изложуваат себеси и патниците на опасности. Таков беше и случајот кога се запали локомотивата кај Велес, каде благодарение на присебноста на машиновозачот немаше сериозни последици – велат од Левица.

Нивните информации говорат и дека поради доцнењето на платите, голем број од вработените не можат навремено да ги исплатат ратите во банка, да платат сметки за комунални трошоци и секако да преживеат, со оглед дека инфлацијата на прехранбените производи е повеќе од 20%.
-Во државите низ светот, железничкиот превоз е најупотребуван, затоа што е најефтин и најефикасен. Единствено кај нас железничкиот превоз е доведен до раб на уништување од корумпираните партии, наместо да биде една од националните стратегии. Очигледно, на нашите владеачки партии, поатрактивни им се патиштата на ,,Бехтел и Енка” од кои ќе може да украдат милиони – велат од Левица.