РУСКОВСКА ГИ ДЕМАНТИРА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА ПЛУСИНФО, ВЕЧЕР, ИНФОМАКС, ЛИДЕР И ДРУГИТЕ ,,ПРОДУЦЕНТИ” : Не е точно дека Боки 13 дал изјава за вмешаност на Зоран Заев во „Рекет“

0
1183

Краток век имаа лажните вести на Вечер, Инфомакс и другите „продуценти“, за тоа дека Бојан Јовановски (Боки 13), обвинет во случајот „Рекет“, дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска, според кој Зоран Заев е вмешан во случајот. Едноставно, тоа не е точно. Рускоска ги отфрли овие лажни вести.

Во неофицијалниот брифинг од Обвинителството за FRONTLINE.MK, се вели дека обвинетиот Јовановски го споменал Зоран Заев во еден или два наврати, но никако во контекст дека знаел за рекетот и дека му дал пари. Навистина, ако е точно тоа, зошто Инфомакс и останатите не ги објавуваат исказите на Јовановски?

Во текот на денешното попладне и вечерта, порталот Вечер.мк се обиде да предизвика сензација со, како што дознавме вечерва, потполно измислени лаги и конструкции. Наводно, според Вечер, Инфомакс и сличните на нив, а кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, „Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени“ – пишува Вечер.мк, а преземаат сите во таа медиумска групација.

Кон оваа саботна треска се приклучи и новинарот Бранко Героски кој, на нему својствен начин, со драматични најави на социјалните мрежи, во 21 часот, меѓу другото, напиша:

„Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег.“

Сепак, пукна балонот пред и да полета. Героски ги употреби истите наводи од Вечер.мк кои Русковска претходно веќе ги отфрли. Очигледно, се работи за недоволно координиран медиумско-пропаганден атак. Со еден потег, Русковска им ја расипа „забавата“ на продуцентите на лажни вести. Ова е еден од најсмешните обиди да се протурат лажни вести во јавноста.

Да видиме што е следно.

Џабир Дерала