РУСИЈА ПОСРАМЕНА ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ: РУСИТЕ ПЕШ БЕГААТ ОД ХЕРСОН – МОСТОТ НАД ДЊЕПАР Е СРУШЕН, ВОЗИЛО НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ

0
871

Мостот Антонивски, единствениот патен мост што можеше да се користи за премин од украинскиот град Херсон до источниот брег на реката Дњепар, односно до територијата контролирана од руските сили, е целосно уништен.

Украинската армија денеска на социјалните мрежи објави видео за кое тврди дека се гледа како руски војници бегаат пеш од градот Херсон преку понтонскиот мост кој се наоѓа под мостот Антонивски, кој целосно е уништен и возилата повеќе не можат да го преминат.

Мостот Антонивски, единствениот патен мост што можеше да се користи за премин од украинскиот град Херсон до источниот брег на реката Дњепар, односно до територијата контролирана од руските сили, е целосно уништен.

Вториот најблизок патен премин преку реките Днепар е оддалечен повеќе од 70 километри од градот Херсон. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека операцијата за повлекување на руските сили од западниот брег на реката Дњепар во јужниот украински регион Херсон е завршена, објави ТАСС.

Министерството за одбрана објави дека сите руски сили и опрема се префрлени на левиот, односно источниот брег на реката Дљепар. Повлекувањето било завршено во 5 часот по московско време , тврди руското Министерство за одбрана.