РОНАЛДО СО ХЕТ ТРИК НА ОЛД ТРАФОРД ГО КЛЕКНА НА КОЛЕНА ТОТЕНХЕМ

0
781

Кристијано Роналдо со три голови го предводеше Манчестер јунајтед до победа од 3-2 против Тотенхем во рамки на 29.коло во Премиерлигата. Со хет-трикот Португалецот стигна до 807 голови во својата кариера и официјално стана најдобар стрелец на сите времиња, минувајќи го Јозеф Бичан (805).

Во 12.минута Роналдо на спектакуларен начин со гол од далечина го отвори резултатот. Потоа Хери Кејн израмни на 1-1 од пенал во 35.минута, но кратко потоа Португалецот го постигна својот втор гол на асистенција на Џејдон Санчо.

Хери Мегваер си постигна смешен автогол во 72.минута за 2-2, но Роналдо со глава го комплетираше својот хет-трик во 81.минута за важна победа за „црвените-ѓаволи“.