Роналдо: Не сум јасновидец, но едноставно знев дека Едер ќе постигне гол

0
1023

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо чуствувал дека Едер ќе го даде победоносниот гол и вели дека е среќен за напаѓачот кој имаше мала минутажа на Европското првенство

Едер беше херојот на Португалија на вчерашниот дуел со Холандија, напаѓачот во 109. минута со удар од врвот на шеснесетникот го совлада Хуго Лорис.eder-ap-m

По крајот на натпреварот, Едер октри дека пред да влезе во игра капитенот Кристијано Роналдо му кажал дека тој ќе го постигне победоносниот гол.

Запрашан дали навистина ова му го кажал на Едер, ѕвездата на Реал Мадрид и Португалија рече: „Долго време сум во фудбалот, и го имав тоа чуство”.

„Почуствував дека тој ќе ги реши нашите проблеми”.

„Не сум магионичар ниту пак јасновидец, но едноставно знаев дека Едер ќе постигне гол”

„Среќен сум за него. Едвај играше на Европското првенство и постигна гол за титулата”.