Роби „Телекабел“ со порака до Зоран Алексов и Влатко Мијалков: Вие за мене сте мали деца, неспособни, неиживеани искомплексирани типови кои цел живот се ЗАВИСНИ од партијата на власт

0
3939

robi-telekabel-e-vo-zatvor-174547

Ве жалам Вас, така полни со злоба, секој ден опседнати со правење конструкции против некој, не приметувате дека животот оди покрај вас.

Еден ден ќе излезе се на виделина, секое добро со добро се враќа, ама и за секое направено зло, со зло ќе се врати. Мене ми е жал што со вашата злоба и инает страдаме ние поединци, ама ова остава последици и на државата која ние си ја сакаме и сме решиле тука да останеме да живееме. – коментира на својот фејсбук профил Роберт Димитров-Роби, сопственикот на кабелскиот опратор „Телекабел“, по снимките кои ги објави опозицијата каде се споменува неговото име во разговорот меѓу, како што рекоа од СДСМ, поранешниот градоначалник на Штип и братот на Сашо Мијалков.

Screenshot_7 Screenshot_8 Screenshot_9 Screenshot_10 Screenshot_11 Screenshot_12

Тој вели дека воопшто не е изненаден од разговорот и претпоставува дека тоа не е единствениот имајќи ги предвид притисоците што ги претрпел последните години.

„Градоначалниче и пријател Зоран Алексов: Зошто секој ден кога доаѓаше (и уште доаѓаш) кај мене во Ангелс кафе, наместо да ми се лигавиш и чекаш да ти кажам здраво, не стана и како вистински маж сам не ме притиснеш? Затоа што на тебе и на тие околку тебе ви е многу јасно дека мене не може никој да ме притисне..Вие за мене сте мали деца, неспособни, неиживеани искомплексирани типови кои цел живот се ЗАВИСНИ од партијата на власт (бидејќи барем ти Алексов ја менуваш партијата во зависност од тоа која е на власт)… Лично се познавам со Влатко и со тебе Зоки, двајцата се согласивте дека сум ЃУБРЕ! Никој не ми го рекол тоа до сега, па ме интересира зошто сум ѓубре? Ви згрешив нешто, Ви направив нешто подло и зад грб, работам против градот, против државата? Да те потсетам Зоки, дека во твојот мандат „Телекабел“ најмногу донираше за нашиот град. Можеби затоа сум ѓубре?!“, стои на неговиот фејсбук профил.

Димитров потврдува дека е жртва на владејачката партија затоа што власта ги користи институциите за да го поречува работењето на неговата фирма. Вели дека „Телекабел“ е често дестинација за инспекторите кои, додава, неретко доаѓаат со полициска придружба.

„Благодарение на такви како тебе Зоранчо Алексов, кои за да се гребат кај шефовите во Скопје, кодошат и прават зло, јасно ми е зошто инспекциите од „Телекабел“ немаат излезено. Со месеци седат инспекторите на УЈП, секојдневно има пазарни и трудови инспектори, координативно тело, инспектори за заштита при работа, за обезбедување и кој знае уште какви не. Што е најбедно често пати доаѓаат со асистенција на полиција, најверојатно за да убаво не ПРИТИСНАТ уште пред да влезат. Со што јас, моите вработени и најблиски соработници заслужуваме ваков третман? Само затоа што сум НЕЗАВИСЕН? Кога доаѓате на власт треба да работите во интерес на граѓаните, а не да си ги лечите комплексите и да уништувате компании градени со многу труд од кои бенифит има целата држава.. За моите проблеми и притисоци кои ми ги правите никогаш не сум говорел јавно, на никој не сум се пожалил до сега дека има притисоци, наместени работи, нарачани контроли, не за друго, туку ви го знам менталниот склоп. Веднаш ќе излезете со Вашата медиумска машинерија и ќе кажете дека ако сум чист зошто се плашам. Не сакајќи да влезам во вашите лавиринти, работам и не обраќам внимание на вашите детски игри. Ви се заблагодарам што цело време сте мислеле дека сум ЃУБРЕ, и да ви кажам дека ќе се почувствувам навреден од овој збор, само ако некој што направил повеќе од мене во животот со свој труд, ќе ми го рече тоа. Вака додека вие си лаете, доаѓа времето кога картите ќе се отворат, па ќе виде нашиот народ кој е ѓубре. “, пишува тој.