Американскиот кардинал Роберт Превост денеска беше избран за нов папа. Новиот водач на Католичката црква, ќе биде познат како Лео XIV. Тој ќе биде првиот папа од САД.
Новиот папа се појави на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ околу 70 минути откако од оџакот на врвот на Сикстинската капела се издигна бел чад, означувајќи дека 133-те кардинални електори избрале нов водач за Католичката црква, која брои 1,4 милијарди членови.
Изборот на Превост го објави францускиот кардинал Доминик Мамберти со латинските зборови „Habemus Papam“ (Имаме папа) пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“ за да ја слушнат веста.