РЕЏЕПИ : НИШТО ЧУДНО АЛИЈАНСА ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА, СЕ ПРОШИРУВА ИНТЕГРАЦИСКИОТ БЛОК

0
419

Мнозинството сака сите политички партии да влезат во владата, да преземат одговорност и да бидат дел од овој процес, вели пратеникот Кастриот Реџепи во интервју за „Фокус“.

Поранешниот потпретседател на Беса Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од партијата откако пред точно една година отсуствуваше од собраниската седница за изгласување на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека тие што тогаш го обвинуваа дека ја спасува владата, во меѓувреме станаа дел од неа или одат по тој пат.

Ако тогаш се зборуваше за некакви лични бенефити за мене, повеќе бенефити имаат овие партии отколку јас. Прво, Алтернатива стана дел од ова мнозинство, а гледаме во последно време има кокетирање, спремност и од страна на Алијанса за Албанците. Нема да биде чудно ако и тие станат дел од Владата – вели Реџепи. Како што истакнува тој, се работи на тоа да се зголеми мнозинството и да се прошири, како што посочува, прогресивниот интеграциски блок. Целта, според него, е да се изолираат партиите, кои го опструираат процесот и работат во корист на други центри.

Некој како Левица јавно и отворено го изјавуваат тоа, други кажуваат дека се за интеграции, но на дело се гледа дека работат на опструкција на процесот. Мнозинството сака сите политички партии да влезат во владата, да преземат одговорност и да бидат дел од овој процес. Но, ако тие партии многу остро и енергично ме напаѓаа мене како личност, сега по година доаѓаат на таа линија – вели Реџепи.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВО НОВИОТ БРОЈ НА НЕДЕЛНИКОТ КОЈ МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК.