Реформаторот Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ: Денешнава „Обнова на бандитизмот“, простете не е моја!

0
807

Петар Богојески, еден од групата реформатори во ВМРО-ДПМНЕ, објави дека од крајот на минатиот месец го става во мирување членството во оваа опозициска партија поради, како што наведува, намерата да биде граѓански, независен кандидат за пратеник.

„Никогаш нема да прифатам членство и идентитет во друга политичка партија, а моето повторно активирање во ВМРО-ДПМНЕ е условено од развојот на настаните внатре во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција. Најголем срам за еден реформатор е да стане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО-ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!… „Денешнава ‘Обнова на бандитизмот’, простете не е моја!“,напиша Богојески на Фејсбук.