Ременски: Никаде го нема наводниот договор кој му дава право на Спасов да го вози Туарегот

0
1289

Министерството за труд и социјална политика не може да го најде договорот кој на Диме Спасов му дозволувал да управува со службениот „Туарег“ на Агенцијата за вработување, изјави министерката Фросина Ременски.

-Надлежните служби ги проверуваа сите договори склучени од август до октомври минатата година, но таков документ не најдоа.

Ако навистина има таков договор, логично е да има еден примерок и во МТСП, вели Ременски.