Ременски ги посети семејствата Петровски и Зиндели кои имаат лица со посебни потреби

0
970

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството Петровски од Синѓелиќ кое има лице со посебни потреби и е корисник на правото за мобилност и паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Од Министерството соопштуваат дека семејството Петровски секојдневно се соочуваат со предизвиците да се одгледа и негува нивниот син при што желбата да му се создадат сите потребни услови не згаснува. Токму затоа, Министерството за труд и социјална политика помогна нивното дете да добие количка, а министерката вети дека ќе помогне да им се обезбеди материјал за изградба на пристапна рампа за да може нивниот син да биде понезависен и да им се олесни пристапот на сите до нивниот дом.

Ременски го посети и четворочленото семејство Зендели од Чаир кое исто така има лице со посебни потреби и кое е корисник на правото на посебен додаток.

„И ним животот им е секојдневна борба, борба од која не се откажуваат, а за да им се олесни барем малку ова секојдневие и тие добија количка за нивното дете со посебни потреби“, се наведува во соопштението на Труд.

Министерката во домовите на Петровски и Зендели се запозна и ги ислуша нивните проблеми со цел да се најдат можности да им се помогне и да им се олесни секојдневието.