РЕЖИМСКОТО ФАШИСТИЧКО КОПИЛЕНЦЕ ДУРЛОВСКИ НАПАДНАЛ БАЛЕТАН ВО МОБ, ОТИ МУ РЕКОЛ „ТИ ЛИ ЌЕ НИ ПРАВИШ ВОЈНА?“

0
2268

Синоќа, поради насилните нереди во Собранието и страв од напад врз Македонската опера и балет (МОБ), а на иницијатива на синдикатите на Оркестарот и на дел од Балетот, ансамблите пред самиот почеток на балетот „Дон Кихот“ одлучиле да не ја одиграат претставата. Како што велат оттаму, насилното влегување во Собранието се случувало непосредно пред почетокот на претставата.

На оваа непријатна ситуација во МОБ, во ходниците на театарот ѝ претходел вербален инцидент помеѓу балетски играч и Дурловски. Колегите велат дека танчарот Виктор Караев во ходникот му дофрлил на Управникот:„Што правите, сакате ли војна?“, на што Дурловски одговорил со висок тон и силна гестикулација. Тие биле разделени, и секој заминал по својот пат, балетанот дома, зашто не бил дел од „Дон Кихот“, а Дурловски во Парламентот.

„Колегите се уплашија, не можеа да свират, а слушнавме и дека Зијадин Села е потешко повреден. Бевме уплашени за натамошниот тек на нaстаните и сметаме дека е МОБ во прилично истурена позиција, и поради местоположбата на куќата и поради тоа што Управникот на МОБ Игор Дурловски е еден од инцијаторите на ‘За заедничка Македонија’ кои влегоа во Парламентот“, велат членови на синдикатите од МОБ кои сметаат дека МОБ треба да има безбедносна заштита.

Уметниците со гласање одлучиле претставата да не се одржи, а во меѓувреме дошол и Дурловски. Уметниците векат дека најсрамно од сѐ е дека самиот Дурловски рекол оти ќе излезе и ќе ѝ соопшти на публиката дека претставата се одлужува, и дека посетителите ќе бидат обештетени, како што тоа се прави во слични прилики. Но, никој не излегол, а публиката по повеќеминутно чекање, револтирано го напуштила МОБ.