РЕЖИМСКИТЕ ТАСТЕРИ НА ГРУЈО И ИНДИЈАНЦИТЕ НА АХМЕТИ ИЗГЛАСАА СЕЛЕКТИВНА АБОЛИЦИЈА

0
987

Собранието попладнево експресно, без дебата ги изгласа измените и дополнувањата на четири Закони, меѓу кои и Законот за помилување, со кои на претседателот на државата му се овозможува да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него.

За дополнувањето на Законот за помилување „за“ гласаа 63 пратеници и ниту еден против.

На денешната седница, во експресна постапка беа донесени и измените на Законот за заштита на приватноста, на Законот за заштита на личните податоци и на Изборниот законик.

Измените на Законите, кои денеска ги усвои Собранието беа на предлог на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Илија Димовски и Талат Џафери.

Собранискиот спикер, Трајко Вељаноски за дополнително разгледување ги одложи измените на Законот за управни спорови и на Законот за општа управна постапка, бидејќи за нивно донесување е потребно двотретинско мнозинство, за што денеска во пленарната сала на Собранието немаше доволен број на пратеници.

На денешната расправа во Законодавниот дом не учестуваа пратениците на СДСМ и на ДПА.

Лидерот на СДСМ денеска на прес-конференција рече дека измените кои ги предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се противуставни.

– Измените кои денеска ги предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се противуставни. Тие кога и да е ќе паднат на Уставниот суд. Тие носат закони кои не се во интерес на граѓаните. Потенцирам дека СДСМ е против селективна аболиција, затоа што секој кој што направил криминал мора да одговара. Нема да дозволиме да бидеме соучесници во аболицијата, затоа и денеска нема да учествуваме во работата на Собранието – изјави Заев.

Извор: Мета