Режимските пратеници ненаситно „цицаат“ од парите на граѓаните: Крсто Мукоски зел 7.600 евриќи за патни трошоци за првите пет месеци од 2015, а Силвана Бонева си ставила во џеб околу 6.600 евриќи!

0
1163

krsto-mukoski

Ниту острите критики од јавноста, ниту се’ потешката економска ситуација во земјава каде што според статистичките податоци 24,2 проценти од граѓаните се сиромашни, не ги запре пратениците и понатаму да ги „полнат“ џебовите со надомест за патни трошоци што секој месец го примаат затоа што доаѓале на работа со сопствен автомобил. Последните податоци за надоместоците што пратениците ги примиле за првите пет месеци од годинава и понатаму покажуваат дека од државниот буџет се црпат огромни средства за оваа намена.

Утрински весник“ побара податоци за тоа колку пари земале дел од пратениците по основ на надоместок на патен трошок за оваа година. Интересот е поголем за оние пратеници кои доаѓаат од другите градови во земјата, бидејќи тие ги прават и најголемите трошоци. Таков надоместок примаат околу 60 пратеници од актуелниот пратенички состав. На списокот што го има „Утрински весник“ ги нема пратениците од опозицијата, бидејќи тие до септември оваа година ги бојкотираа седниците, поради што не им следува ваков надоместок. Во тој контекст мора да се повлече дека вакви високи суми, кои годишно го оптоваруваат собранискиот буџет и повеќе од еден милион евра, за наредните месеци ќе земат и опозициските пратеници, односно оние кои доаѓаат од Струмица, Прилеп, Гевгелија, Струга, Охрид, како подалечни дестинации во однос на Скопје.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој доаѓа од Вевчани за само првите пет месеци од годинава земал 472.371 денари, односно 7,680 илјади евра. Според податоците Мукоски најмногу доаѓал во парламентот во март и мај оваа година за кога му се исплатени повеќе од 13, односно 118 илјади денари или близу 2.000 евра.

На врвот е и пратеникот од ДУИ Рамиз Мерко кој доаѓа од Струга. Тој вкупно за сите пет месеци добил 418.804 денари, а „најактивен“ бил во мај, за кога му биле исплатени 104.296 денари. Мерко не сака да ги коментира овие податоци, ниту да го каже неговиот став околу тоа дали оваа законска регулатива треба да се менува или не.

5A98BD6DDDDD2F46961F7524BE44FFBA1

Повеќе од текстот на Утрински весник на следниот линк ОВДЕ.