Режимскиот токмак Аневски ја прекинува соработката со СЈО, не и ги дава „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ на Јанева!

0
974

По седницата, пак, претседателот на Советот Петар Аневски рече дека нема да ѝ ги предадат предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, на Јанева.

Аневски рече дека тие предмети се веќе во постапка на Основното јавно обвинителство и во Обвинителството за гонење организиран криминал. Тој изјави дека никој не ѝ оспорува на Јанева да отвори нови истраги, но рече дека СЈО е надлежно само за предмети кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 2008 до 15 јуни 2015 година.

Аневски рече дека со недоаѓањето на седниците, Јанева покажала непочитување на Советот за јавни обвинители пред кого има обврска да одговара.

ВИДЕО со изјавата на Аневски може да погледнете ОВДЕ