РЕЖИМСКИОТ ОЛИГАРХ ОРЦЕ КАМЧЕВ ЈА ШИРИ ИМПЕРИЈАТА: За 125 милиони евра ја купи најголемата приватна јапонска болница во Бугарија!

0
2737

„Орка холдинг“, преку клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со турската болница „Аџибадем“, денеска потпиша договор за купување на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија, јапонската болница „Токуда“, заедно со нејзините подружници („Токуда груп“). Преку оваа трансакција, „Орка холдинг“ презеде 100 отсто од акциите  на „Токуда груп“, пренесува „Мета“.

Партнерите потпишаа и договор за спојување со „Сити клиник“, вториот здравствен оператор во Бугарија, со три болници и со три амбулантски центри. Оваа трансакција е комбинација од преземање на речиси една третина од уделите на постојните акционери и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет.

По трансакцијата, 76,5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и на „Орка холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23,5 отсто на акционерите на „Сити клиник“.

Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра.