РЕЖИМОТ СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО : Остро писмо од Брисел го сопре законот за владино рекламирање!

0
1107

Многу остро писмо од Европската комисија упатено до македонската Влада е причина за повлекување на законот за владино рекламирање во медиумите, информира порталот Сакам да кажам повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Основната забелешка е дека владиното рекламирање би имало силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој Владата и досега беше најголем огласувач. Вчерашното ненадејно повлекување на законот од собраниска процедура е резултат на укажувањата од ЕК дека таков закон не само што не е европски, туку не е ни договорен со гаранторите на Пржинскиот договор ЕУ и САД, а Владата манипулира токму на начин што сака да создаде впечаток дека го носи по барање на ЕУ, претставувајќи ги решенијата како европски. Законот вчера беше повлечен со писмо што до собранискиот спикер Трајко Вељаноски го испрати вицепремиерот Никола Тодоров, а не премиерпт Емил Димитриев. Нема образложение зошто законот е повлечен, иако до пред само неколку дена, министерката за информатичко општество и јавна администрација Марта Арсовска – Томовска го бранеше предложениот текст и организираше јавни расправи тврдејќи дека со него ќе се стави ред во рекламирањето.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ