Режимот си ги препродава куртон медиумите помеѓу себе : Режимот си ги препродава сам на себе куртон медиумите: Белизе излезе од неделникот „Република“

0
1053

„Иресине лимитед“, фирма од Белизе, излезе од сопствеништвото на неделникот и порталот „Република“ и сега газда на медиумот е досегашниот директор Доне Доневски. Тој не одговори на нашите прашања поврзани со деталите од купопродажбата, пишува Призма.

Порталот и неделникот „Република“ добија нов газда. Фирмата со седиште во Белизе, „Иресине Лимитед“ излезе од сопствеништвото на „Република“ и сега сопственик и директор е лицето Доне Доневски.

Доневски и досега беше директор на провладиниот медиум „Република“, но за него јавноста малку е запознаена. Во телефонски разговор, тој потврди дека е новиот газда на медиумот, но ни рече сите останати прашања околу сопствеништвото да ги пратиме по електронска пошта. Тој не ни одговори на прашањата што му ги испративме, а подоцна не одговараше ниту на телефонските повици.