Режимот не запира со перверзиите: Списоци на ВМРО-ДПМНЕ откриваат нови злоупотреби на грбот на социјално загрозените?

0
894

spisok4-685x320

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ употребила доверливи податоци од Министерство за труд и социјална политика за да направи листа од социјално загрозени граѓани по градовите низ Македонија со цел да ги придобие нивните гласови, тврди пратеникот од СДСМ, Јован Митревски, пренесува А1он.

На последната пленарна седница во Собранието од говорница тој покажа списоци со имиња на социјално загрозени граѓани и упатство за настап на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Пред да биде прекинат од собранискиот спикер, Митревски успеа да им каже на пратениците дека власта и понатаму ги злоупотребува институциите за свои партиски цели.

spisok1

На списоците што ги изложи пратеникот се наоѓаат имиња на сите социјално загрозени граѓани од Струга, нивната возраст и адресата на живеење. Во посебна колона наречена „мапирани“ е впишана нивната партиска определеност, дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ или се неопределени. Личните податоци на овие граѓани ги поседува само Министерството за труд и социјална политика.

-Мене овие документи ми ги даде член на ВМРО-ДПМНЕ засрамен од тоа што го прави неговата партија – вели Митревски.

Целиот текст ОВДЕ