РЕАКЦИЈА НА ЗНМ : Институциите да испитаат зошто новинарите во „Канал Визија“ не земаат плата

0
1170

Здружението на новинарите на Македонија – Регионален центар Битола, дава поддршка на колегите од телевизијата „Канал Визија“ од Прилеп кои денес на прес конференција информираа дека не им се исплатени десет плати и придонеси за вработените новинари и медиумски работници, како и хонорари за соработниците за истиот период.

Го повикуваме менаџментот на телевизијата „Канал Визија“ строго да се почитува Законот за работни односи бидејќи финансиската независност на новинарите е клучна за професионално и независно вршење на новинарската дејност.

Исто така, го повикуваме Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика како и Управата за јавни приходи,како  и останатите институции да се заинтересираат за случајот зошто со месеци не биле исплаќани платите и да бидат преземени соодветни мерки со цел негово решавање.

10.05.2019