Генералниот секретаријат веднаш го доставил барањето до Министерството за транспорт и врски, од каде што добиле одговор дека не се исполнети законските услови за пренесување на правото за градење утврдени во Законот за градење.
Од Антикорупциската комисија велат дека оттука произлегуваат сомневањата за незаконитото постапување на Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, а со цел примање награда за истото, во конкретниот случај возилото и доставуваат иницијатива до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за утврдување на одговорност за Драги Рашковски.
Рашковски наскоро го очекува судење по обвинение на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое по шестмесечна истрага го обвини поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски за злоупотреби на пари од Буџетот за купување на софтвери што тој ги инвовирал, а никаде не биле потребни.
Во истрагата која беше поделена на два дела, обвинети се уште 6 лица, со Рашковски вкупно седум.
Извор : СДК.МК