Расте притисокот врз режимот: Орав до 5 часот изутрина на состанок со целиот Извршен на ВМРО-ДПМНЕ

0
913

68B1CDA5-3D6A-4E32-9F3E-3AD423ACDECD_cx0_cy8_cw0_mw1024_s_n_r1-540x304

Расте дипломатскиот притисок врз политичките партии за имплементација на договорот за излез од политичката криза.

Како што пренесува Плусинфо повикувајќи се  неофицијални извори, евроамбасадорот Аиво Орав вчера до пет часот изутрина имал состанок со целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на којшто објаснувал зошто е важно да се почитува Договорот од Пржино.

Тој потоа имал состанок и со раководството на СДСМ, а средбите продолжуваат и во текот на денешниот ден. Дали ова ќе даде некаков резултат засега е неизвесно. Во која насока ќе се одвиваат работите, се очекува да биде појасно утре, кога премиерот Никола Груевски се враќа од Обединетите арапски емирати.

Од мисијата на Европската Унија во Скопје не ја потврдуваат ниту демантираат информацијата дека евроамбасадорот имал средба со целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе ОВДЕ