РАСТВОРИЛ ДЕТЕ ВО КИСЕЛИНА, ЈА УБИЛ БРЕМЕНАТА СВРШЕНИЦА – УАПСЕНИОТ БОС НА „КОЗА НОСРТА“ НАЈМНОГУ САКАЛ ДА ЈАДЕ БЛАГО

0
540

Озлогласениот Матео Месина Денаро по 30 години денеска беше уапсен од италијанските власти. Биографијата на „капо ди тути капи“ изобилува со грозните нешта кои ги правел, а една од нив можеби е највпечатлива: Денаро во 1992 година одлучил да ја удави до смрт својата бремена вереница. Во една друга ситуација, за да се ослободи од телото пак на едно 13-годишно момче, син на мафијашот Џузепе ди Матеро, Денаро решил телото по 25 месеци да го раствори во киселинa Денаро сакал слатки, а додека бегал играл видеоигри. Барем така пишува во книгата „Невидливиот“. Никогаш не бил во затвор. Роден е во местото Трапани на југот во 1963 година. Последен пат полицајците го виделе во јуни 1993 година кога го бркале со автомобил , а тој побегнал скокајќи во морето.

Во тоа време тој веќе го имал напуштено Техничкиот трговски институт Ферињо во неговиот роден град и станал шеф на „Коза ностра“. Мафијата заработувала преку казни кои требало му бидат исплатени нему, но и од дрога и од перење пари. Бил посредник меѓу мафијашките фамилии во Италија и нивните караници. Бил крал на градежната мафија која направила дивоградби долж брегот на неговиот град Кастелветрано. Го организирал атентатот врз познатиот новинар Маурици Констанц во Рим кој завршил неуспешно. Никогаш не се  женел. На Соња, една од неговите девојки, тој ѝ напишал: „Не сакам ни да размислувам за твојата вмешаност во овој лавиринт, од кој не знам како ќе излезам. Не мисли повеќе на мене, не вреди!”