Распуштен парламентот??? СУПЕР!!!

0
1089

Monty Python вели: Always Look on the Bright Side of Life Гледајте го, драги мои пријатели, ПОЗИТИВНИОТ аспект на ситуацијава… Груевски повлече многу рискантен потег… Не дека е многу храбар, туку таквиот потег му беше изнуден на некој начин…

Знаеше дека не може вечно да го ескивира барањето решенија за списоците, за медиумите и за тотално партизираната држава, па спасот го бара во брзи (нерегуларни) избори… Е сега, ако овојпат ПОВТОРНО се попишмани, тогаш многу негови симпатизери веројатно ќе речат: „Дај бре чоече, не нè дупи више… Џабе ли славевме на 6-ти вечерта? Џабе ли трошевме бензин и свиревме со коли во 12 навечер? Џабе ли на Жерновски му ја пуштивме химната на ВМРО во 12 навечер?

Џабе ли по фејсбуци и твитери им се силевме на комуњарите и ги повторувавме твоите зборови ДОСТА БЕШЕ?“ Со други зборови, тргна Грујо во последната битка ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД! Зоран Заев ја најави македонската ПРОЛЕТ… Цврсто и одважно го грабна мечот и го фрли штитот… Со целосна поддршка на прогресивната македонска јавност и со целосна поддршка на своите коалициони партнери, им порача на Никола Груевски и Али Ахмети: „Нема да го згаснете светлото на слободата и демократијата“…

И ја кажа големата вистина дека овде нема битка помеѓу власта и опозицијата, туку битка помеѓу Груевски и Македонија… Со други зборови, порача дека ја прифаќа одлучувачката битка ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД! Агонијата трае(ше) предолго… Апатијата сè повеќе ни ги гризе(ше) нервите… Од тие причини, состојбата на ‘статус кво’ почна да станува неподнослива… Затоа се радувам на одлуката на Груевски да го распушти парламентот и да најави избори на 5-ти јуни КОИ ШТО НЕМА ДА СЕ СЛУЧАТ…

А пастирот нека му ја мисли како ќе се извлекува од живиот песок во кој што самиот скокна!

Ацо Лукароски