Рангелова: Се срамам што станав додека се гласаше, тој чин беше нечовечен и заминав со плачење

0
1941

,Кога ќе се слушнам што сѐ сум зборувала пред една година или година и пол и во Парламентот, не можам да поверувам дека тоа излегло од мојата уста“, рече пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, одговарајќи на прашање дали ја менува својата реторика и дека облагнува со своите ставови.

Таа рече дека партиите мора да се помират, да повикат на помирување, бидејќи со омразата што ја шират, го прават неподнослив животот во Македонија.

Рангелова рече дека се срами од својата постапка на станување од пратеничките клупи пред момемнтот на гласање за уставни реформи и дека тоа е моментот кога решила да си даде оставка на местото претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ:

,,На денот на гласањето на референдумот, ние што излеговме да гласаме, дочекавме да бидеме масакрирани на социјалните мрежи и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е нешто што  најмногу ме загржи и ме растажи затоа што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа и моето однесување на денот на гласањето се клучните причини да си дадам оставка. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за отворање на процесот на  уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда, бев цел на постојани критики и закани бидејќи се залагав да се гласа на референдумот. Направив грешка бидејќи сметав дека ако останам да седам со колегите што ќе гласаат, ќе ме обележат уште повеќе. Многу се срамам од начинот на кој ги жигосавме нашите колеги. Јас од таа седница заминав со плачење. Тој чин беше нечовечен и јас се срамам од него“, рече Рангелова.