Рангелова: Ни треба чекорење напред, а не прочистување. Ни треба проевроатланска ориентираност, а не изолација

0
4413

Даниела Рангелова  – Претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук го честиташе денот на револуционерната борба:

Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме. Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано! Проевроатлански ориентирано а не изолирано! Ни треба разум и храброст а не очај и паника!

Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување! Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното! Ни треба зајакнување а не недоверба! Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност! Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!

Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството! Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ! Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!

Честит 23ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!