РАМО ДО РАМО ВО ТЕТОВО И РЕСЕН : ОВОШТАРИТЕ ДОБИЈА 290 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ДОПОЛНИТЕЛНИ СУБВЕНЦИИ

0
395

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, беше меѓу граѓаните на општина Тетово, заедно со Марко Ѓорѓиевски.

На дело покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, за унапредување на стандардот. Со успешни, ефикасни политики ги зголемивме платите во сите сектори, минималната плата од нецели 9.000 денари, ја покачивме на над 20.000 денари. Заедно со пензионерите договоривме методологија за усогласување на пензиите, со која 330.000 пензионери добија покачување од 16 отсто само за една година, а следното зголемување ќе биде во септември, истакна Тренчевска додавајќи дека СДСМ низ социјален дијалог постигна минималната плата и пензиите континуирано да растат,  без тоа да зависи од нечија политичка волја.

Тренчевска нагласи дека СДСМ посветено работи на намалување на невработеноста, која моментално изнесува 14 проценти.

Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за 2023 година, обезбедуваме опфат на над 18.000 невработени лица или за 20 отсто повеќе од минатогодишниот Оперативен план за вработување. Трајно ги обезбедивме стечајните работници, ја зголемивме гарантираната минимална помош и воведовме државна социјална пензија. Тоа е вистинска грижа за секој граѓанин, порача Тренчевска во Тетово.

Во Ресен, рамо до рамо со граѓаните, заедно со Мухамет Точи, беше членот на Извршниот одбор на СДСМ Никица Бачовски, кој се осврна на успешните земјоделски политики на СДСМ

СДСМ е вистински партнер на земјодлеците. Само за овие два месеци исплативме над 60 милиони евра субвенции кон 78.000 земјоделци. Деновиве на сметките на околу 10.000 корисници легнаа 290 милиони денари дополнителни субвенции за овоштарство, истакна Бачовски во Ресен, додавајќи дека од оваа година субвенциите ќе се исплаќаат авансно, земјоделците ќе ги добијат средствата тогаш кога им се најпотребни.

Бачовски нагласи дека државата е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД и веќе започнува новата ИПАРД 3 програма, со која се доделени нови 98 милиони евра, европски неповратни средства за нови инвестиции.